Гвардиола: Лигата на Шампиони е како фрлање паричка, нас ни беше пишано

Манчестер Сити го освои првиот европски трофеј во својата историјата откако во финалето од Лигата на Шампионите славеше против Интер со 1-0 благодарение на голот на Родри во 68. минута.

Со тоа тимот предводен од Пеп Гвардиола стави крај на долгиот европски пост, а шпанскиот стратег успеа и да се запише во историјата крунисувајќи ја неверојатната сезона со трет трофеј со што е единствен тренер во историјата на европските фудбалски натпреварувања кој има две тројни круни во една сезона.

По натпреварот Гвардиола изјави дека е уморен од долгата сезона и УЕФА и ФИФА треба да размислат што прават со календарот, но во исто време е и задоволен од неверојатната сезона…

„Навистина сум уморен, но смирен и задоволен. Толку е тешко да го освоите овој трофеј. Интер играше одлично. На моите играчи на полувремето им кажав дека мораат да бидат стрпливи и дека шансата ќе дојде. Да се освои Лигата на Шампиони потребна ви е среќа. Едерсон бранеше, тие промашуваа, а можеа и да изедначат. Ова натпреварување е како фрлање на паричка. Но, сепак ние го освоивме. Така беше пишано.

Не бевме во најдобра форма. По Светското првенство успеавме да ја подигнеме, но овој натпревар не бевме најдобри. Немам сили и енергија за да размислувам за следната сезона. Потребен ми е одмор. Сезоната беше предолга. Играчите сега ги очекуваат натпревари со репрезентациите, по цела сезона сега мораат да играат повторно. Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат за тоа. Ова е многу. Титулата ќе ја прославиме во хотелот со семејството и пријателите. Парадата во Манчестер ќе биде во понеделник“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...