Манчестер Сити стигна до првата европска титула во својата историја славејќи во финалето од Лигата на Шампиони против Интер со 1-0. Херојот на „граѓаните“ беше Родри кој ја затресе мрежата во 68. минута.
А, додека навивачите на англискиот клуб го слават неговиот учинок, 26-годишниот Шпанец се критикуваше себе си за настапот во првото полувреме.
„Не сум задоволен од тоа што го прикажав во првото полувреме, одиграв како гомно. Сепак реков дека мора да ја надминам таа ситуација. На крајот успеав да постигнам гол, неверојатно“, вели Родри кој откри дека барал и од неговиот тренер да го стави во почетната постава бидејќи не настапи во финалето против Челси.
„Му кажав на Пеп дека мора да ме стави во првата екипа. Тогаш навивав за моите соиграчи, а сега конечно играв. Овој трофеј е за сите нив кои со години играа за Сити. За Серхио, за Фернандињо, за Силва. Тие го направија овој клуб голем. Им благодарам за тоа“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

