Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија првиот европски трофеј во историјата на клубот откако славеа во големото финале од Лигата на Шампиони против Интер со 1-0, оправдувајќи ја фаворитската улога.
Натпреварот го коментираше и Ерлинг Халанд кој не го криеше задоволството од третиот трофеј во сезоната, но напомена дека има уште многу простор за напредок, поготово кога станува збор за голгетерската ефикасност.
„Ова не го очекував ни во најлудите соништа. Тоа покажува дека е можно да успеете и како дете од мал град во Норвешка. Се надевам дека ова им дава надеж на сите деца кои играат по терените во мојот град. Убаво е што мајка ми и татко ми се тука со мене. За некој ден, кога ќе спадне еуфоријата повторно ќе го посакам трофејот во Лигата на Шампиони, така ќе размислувам.
Свесен сум дека можам да напредувам кога е во прашање бројот на постигнати голови. Имав шанса и да постигнам гол во финалето, да беше мој ден ќе дадев два. Но тоа сега е е важно, важно е што победивме и го осовивме овој трофеј како тим“, вели Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

