Историја: На 23 години освои Светско првенство, Лига на Шампиони, Премиерлига и ФА Куп

Манчестер Сити со победата во финалето од Лигата на Шампиони против Интер успеа да ја освои третата титула во сезоната по оние во Премиерлигата и ФА Купот. За реткиот успех „граѓаните“ добија пофали од сите страни, а интересно, еден фудбалер на англискиот тим оствари нешто што досега не му се случило на никој во историјата.

Станува збор за Хулијан Алварез кој беше дел и од репрезентацијата на Аргентина која на Светското првенство во Катар го крена трофејот, крунисувајќи ја првата сезона надвор од татковината со четири трофеи.

„Величенствена сезона, за мене посебно неверојатна. Не само поради титулата туку и поради тоа што се развив како личност. Беше предизвикувачки да се преселиш од Аргетнина во друга држава за фудбал. Се плашев, а на крајот успеав да освојам се“, вели Алварез.

Оваа сезона 23-годишникот настапи на 49 натпревари за Манчестер Сити на кои постигна 17 голови со што е вториот најдобар голгетер на „граѓаните“ во сезоната.

Се вчитува...