Гершон Јабуселе одново се најде во центарот на вниманието со неспортските потези на кошаркарските терени. За разлика од евролигашкиот натпревар против Партизан, овој пат Французинот не беше оној кој иницираше недозволена ситуација.
Тоа го направи Анте Томиќ кој во игра во рекетот со лакт го удри Јабуселе во главата по што овој падна на паркетот. Сепак кошаркарот на Реал Мадрид беше цен на навреди на домашните навивачи кои на натпреварот носеа и транспаренти насловени „Јабуесле местото ти е во ринг“.
За навредите сега се огласи и шпанското првенство кое ги осуди истите, а соопшти и дека се е уредно документирано и во соработка со агенцијата за борба против насилство ќе бара казна за навивачите.
„АЦБ изразува длабоко жалење поради скандирањата на навивачите на натпреварот помеѓу Хувентуд – Реал Мадрид, особоено оние против Гершон Јабуселе. Судиите ги снимија инцидентите и ги запишаа во извештајот, а против навивачите се поднесени и пријави кои ќе ги испита комијата за натпреварување. АЦБ лигата ќе поднесе и извештај до агенцијата за борба против насилство“, стои во соопштението на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

