„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Гвардиола најбрз во англискиот фудбал до 300 победи

Пеп Гвардиола конечно стигна до трофејот во Лигата на Шампиони предводејќи го Манчестер Сити до историја и прв европски трофеј во клупските витрини славејќи во големото финале против Интер со 1-0.

За Гвардиола тоа беше 300 победа на клупата на Манчестер Сити со која воедно стана и тренерот на кој му биле потребни најмал број на натпревари за остварување на оваа бројка во елитниот англиски фудбал.

Шпанецот до победата број 300 стигна по 413 одиграни натпревари што е за 80 натпревари помалку од Жозе Мурињо. Покрај овие двајца на листата на петмината најдобри се и Арсен Венгер и Боб Пејсли со 515 натпревари, како и Дон Риви на кој му беа потребни 524 натпревари.

Се вчитува...