3×3: Чешка подобра од Македонија во четвртфиналето од квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација во „3х3“ настапот во квалификациите за Европското првенство го заврши во четвртфиналето каде загуби од Чешка со 21-18.

Во драматична завршница Чесите имаа предност од 19-14 по што следеше серија на тројки на Ервин Цого за 19-18, но сепак последниот шут на средбата им припадна на „сино-белите“ кои реализираа зад линијата, потврдувајќи го своето место во полуфиналето.

Со 11 поени најрасположен кај Македонија беше Цого, пет поени додаде Дујковиќ, а со по еден поен мечот го завршија Христов и Миновски. Свобода реализираше осум поени за Чешка.

Се вчитува...