Манчестер Сити го освои историскиот прв трофеј во Лигата на Шампионите откако во вчерашното финале славеше против Интер со 1-0. За „граѓаните“ тоа воедно е и прв трофеј во европските натпреварувања со кој тимот предводен од Пеп Гвардиола конечно стави крај на долгата низа без успех во најсилното фудбалско натпреварување.
Пеп Гвардиола на пресконференцијата за медиуми беше видно расположен, а успеа и да се нашали за рекордот кој го држи Реал Мадрид со 14 трофеи во престижното натпреварување.
„Сега сме само 13 трофеи во Лигата на Шампиони зад Реал Мадрид. Само 13. Пази се Реал, доаѓаме по вас“, низ смеа изјави Гвардиола кој потоа продолжи:
„Не можеме да се споредуваме со нив. Ова е нашиот прв трофеј, но не сакам и веднаш да исчезнеме. Мораме да работиме напорно и следната година повторно да се видиме тука. Постојат тимови кои ќе ја освојат Лигата на Шампиони и ќе исчезнат. Нам тоа нема да ни се случи. Сепак ова е големо олеснување. Сега повеќе никој нема да ме прашува кога ќе го освоиме овој трофеј. Мора да најдете ново прашање“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

