Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски е овојувачот на шампионскиот трофеј на ИТФ фјучерсот кој се одржа во нашиот главен град. Во финалето Македонецот славеше со 2-0 (7-6, 6-4) против Франзузинот Саша Вајенбург во одличен натпревар.
По натпреварот Ивановски се заблагодари за поддршката на навивачите и сите иноволиврани во организацијата на турнирот, а имаше пофални зборови и за неговиот противник.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдовте да ми дадете поддршка. Благодарност и до организацијата и сите инволвирани. Сите кои направија овој турнир да биде голем за нашата држава. Честитки и до Саша за одличната недела. Верувам дека наскоро ќе бидеме заедно на врвот. Знам и дека работеше многу напорно, но има само еден можеше да победи денеска“, изјави Ивановски.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

