Де Брјуне е вистинскиот херој на Сити: Два месеца играл повреден

Манчстер Сити сезона од снишата ја комплетираше со тројна круна освојувајќи ги Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на Шампиони. „Граѓаните“ до успехот немаа да стигнат доколку не беше фантастичниот Кевин де Брјуне кој е нов херој на навивачите на клубот откако се откри дека два месеца настапувал повреден.

Станува збор за повреда на задната ложа за која е потребна рехабилитација која ќе го оддалечи Белгиецот од теренот два до три месеца. За да не го испушти крајот на сезоната тој одлучил да „стисне заби“ и му остане на располагање на Пеп Гвардиола.

Данокот од 60 одиграни натпревари во сезоната за клубот и татковината стигна на вчерашниот натпревар од финалето во кој мораше да го напушти теренот во 36. минута.

Се вчитува...