GOAT: Новак Ѓоковиќ ја освои 23. гренслем титула!

Новак Ѓоковиќ се запиша во историјата освојувајќи на рекордната 23. гренслем титула во својата историја оставајќи ги зад себе Рафаел Надал и Роџер Федерер.

До истата Србинот стигна со триумфот од 3-0 (7-6, 6-3 и 7-5) против Каспер Руд во финалето од Ролан Гарос.

Во фантастичниот натпревар исполнет со бројни атрактивни потези српскиот тенисер имаше доминантна улога против помладиот противник кому му припадна само отварањето на средбата. Се понатака беше во знакот на големиот Новак Ѓоковиќ!

Сега Новак е рекордер во бројот на освоени гренслем титули, а зад него остана Рафаел Надал со 22 титули и Роџер Федерер со 20 гренслем трофеи.

 

Се вчитува...