Рафа Надал му ја честиташе рекордната титула на Ѓоковиќ: До пред неколку години беше сон, ти успеа

Новак Ѓоковиќ ја освои 23. гренслем титула во својата кариера славејќи на Ролан Гарос, притоа поставувајќи нов рекорд по бројот на освоени титули на најсилните тениски турнири.

Честитките до Србинот започнаа да пристигнаат од сите страни, а една испрати и долгогодишниот ривал Рафаел Надал кој на социјалната мрежа „Твитер“ напиша:

„Честитки за неверојатното достгување Ноле. 23 е бројка за која пред само неколку години не можевме ни да замислиме, а ти го оствари тоа. Уживај во успехот со твоето семејство и тим“

 

Се вчитува...