Новак со посебно внимание за фудбалските ѕвезди на трибините во Париз, Ибрахимовиќ му врати со срце (ВИДЕО)

Во завршниот говор по освојувањето на 23-та историска гренслем титула Новак Ѓоковиќ на крај не пропушти да ги поздрави и фудбалските ѕвезди на трибините на „Филип Шатрие“ кои го бодреа во финалето на Ролан Гарос.

„Сакам да ги поздравам Мбапе, Оливие Жиру и Ибрахимовиќ на трибините, чест ми е што играв пред едни такви големи фудбалски ѕвезди. Се надевам дека уживаа“ – рече Новак, поздравувајќи го специјално својот добар пријател Златан Ибрахимовиќ

„Благодарам навистина на сите кои навиваа за мене. Ибра, добро ти си мој пријател, се разбира“ – дополни Новак на што доби и срце од Ибрахимовиќ.

Се вчитува...