Пикфорд ќе му биде конкуренција на Де Хеа на „Олд Трафорд“?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го ангажира Џордан Пикфорд на гол линијата. Репрезентативецот на Англија е топ пик на холандскиот стратег и негoв трансфер се очекува и покрај желбата за задржување на Давид де Хеа на уште една сезона.

Шпанскиот голман важеше за еден од најдобрите и неговото место на „Олд Трафорд“ се сметаше за недопрливо се до пристигнувањето на Ерик тен Хаг. Холанѓанецот веќе говореше за оваа тема изјавувајќи дека Де Хеа мора да ги намали грешките, но и да ги подобри квалитетите во играта со нога доколку сака да остане во тимот.

Џордан Пикфорд кој е веќе стандарден член на репрезентацијата на „Гордиот албион“ професионалната кариера ја започна во Сандерленд, а е дел од Евертон од 2017 година.

Се вчитува...