Трагичарот од финалето во Лигата на Шампиони ќе биде засилување на Реал Мадрид?

Реал Мадрид ја бара замената за заминатиот Карим Бензема, а и покрај тоа што прва опција останува Хари Кејн нема да биде изненадување доколку на „Сантијаго Бернабеу“ пристигне Ромелу Лукаку, пренесуваат англиските медиуми.

Трагичарот на Интер од финалето во Лигата на Шампиони во кои прво спречи гол на соиграч, а потоа и не реализираше зицер од два метра ова лето се враќа во Челси каде за него нема место па се поголема е веројатноста дека 113 милионското засилување од 2021 година ќе биде ставен на трансфер листата.

Лукаку сака да остане во Интер, задоволство од корпулентниот голгетер изрази и раководството на „нероаѕурите“, но проблем може да предизвика цената која ја бара Челси од 40 милиони евра за неговите услуги.

Се вчитува...