„Јас сум најголем фан на Федерер, ама мора сите да признаеме дека Новак е неприкосновен GOAT“

Како и целокупниот свет кој се јавува со честитки за историскиот гренслем трофеј на Новак Ѓоковиќ, со свој став и канадската тенисерка Еугени Бушар.

Бушар е нескриен навивач на Роџер Федерер и тоа многу пати досега го нагласила. Но, сега потенцира дека таква една тениска кариера како онаа на Новак Ѓоковиќ тешко може да се повтори.

„Јас сум најголем фан на Роџер, но сите мора да признаеме дека Новак е неприкосновен GOAT. Навистина импресивно“ – напиша Бушар.

Новак со 23-та гренслем титула се запиша како единствен досега во историјата на тенисот со толкав број престижни трофеи. Факт е дека сега веќе е запишан и како еден од најголемите спортисти во историјата.

Се вчитува...