Македонските репрезентативци денеска трет ден ги одработуваат финалните подготовки за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина, најпрво на 16. јуни во Скопје, и потоа против Англија на 19. јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Јасно е дека секогаш јунските натпревари се најтешки за репрезентативците, на крајот на сезоната, но како што велат кога се работи за Македонија не постои зборот „замор“. Напротив, секогаш силен мотив за нови докажувања и успешни настапи.
„Секако, на сите ни е мило ми што повторно сме заедно. Не очекува еден период од два натпревари со навистина одлични противници. Но, тоа е можност уште еднаш да видиме до каде ни се можностите. Кога играш за Македонија, за својот национален тим, мислам дека кога доаѓаат тие натпревари, заморот го забораваме, го ставаме во втор план. Кога си во националниот дрес очекувањата секогаш се за нешто плус“ – вели фудбалерот од средниот ред Стефан Ашковски.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА