Ласо промовиран во Баерн: Сакам да направам тимот да оди чекор напред

Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен официјално го промовираше Пабло Ласо за нов тренер на екипата. Ласо ќе го води тимот на „Баварците“ во следните две години.

Некогашниот кошаркар на Шпанија и долгогодишен тренер на Реал Мадрид, на клупата ќе го наследи Андреа Тринкијери кој на крајот од минатата сезона поднесе оставка.

„Голема чест е што сум тука во Минхен. Сакам да се заблагодарам на сите кои ме избраа за тренер на Баерн, кој се натпреварува во Бундеслигата и во Евролигата. Сакам да направам успех кој го имав во минатото, а тоа не е само освојување на Евролигата. Целосно сум фокусиран и подготвен да му помогнам на Баерн да оди чекор напред“, рече Ласо.

Се вчитува...