Фудбалерот на Астон Вила Бубакар Камара, го одложи свадбеното патување поради повик во репрезентацијата на Франција за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2024 година.
Камара со сопругата Корали Поровекио веќе бил во авион за Париз, кога стигнал повикот од селекторот Дешамп, по што веднаш с се вратил во Марсеј и одговорил позитивно на повикот на селекторот.
Таа информација ја објави неговата сопруга која кажа дека одморот е одложен поради „вистински и добри“ причини.
Камара минатата година од Марсеј замина во Астон Вила, а досега одигра три меча за француската репрезентација. Тој доби дополнителен повик во националниот тим по откажувањето на Адриен Рабио за престојните два меча со Гибралтар и со Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

