Поранешен тренер на Ајакс го презеде ПСВ

Поранешниот тренер на Ајакс, Питер Бош е нов тренер на ПСВ Ајндховен. 59-годишниот тренер официјално е замената за Руд Ван Нистелрој кој го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Останува да се види како навивачите на ПСВ ќе го „дочекаат“ Бош, со оглед на фактот дека тој беше тренер на лутиот ривал Ајакс. Исто така ќе биде интересно да се види и реакцијата на навивачите на Ајакс.

Договорот на Бош со ПСВ е во следните три години. Бош после Ајакс го водеше тимот на Борусија Дортмунд, а потоа и Баер Леверкузен и Лион.

Се вчитува...