Ули Хенес, почесниот претседател на Баерн Минхен истакна загриженост за случувањата во Саудиска Арабија и влијанието на земјите од блискиот Исток врз европскиот фудбал.
Ескпанзијата во Саудиска Арабија во последно време го покрена прашањето за иднината на најдобрите првенства во Европа, откако неколку играчи меѓу кои Роналдо и Бензема се решија да заминат во таа земја. Згора на тоа Манчестер Сити, кој има сопственици од Обединетите Арапски Емирати стана европски шампион.
„Не станува збор само за Сити, туку за се што доаѓа од тој дел на светот. Многу сум загрижен за тоа што доажа од Саудиска Арабија, очигледно дека таму не може да им снема пари. Сите плаќаме за тоа преку цените на горивото“, рече Хенес.
„Доброто од сево ова што во клубовите може да играат само 11 играчи и истовремено да земаат само 15-16 играчи. Затоа секогаш ќе има 50-60 добри играчи до кои треба да стигнеме“, изјави легендата на германскиот фудбал, кој призна дека после победата на Сити, му честитал на Гвардиола за освоената титула во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

