Струга ТЛ го промовираше и Босанецот со германски пасош, Сенад Јаровиќ

Струга ТЛ за настапите во квалификациите на Лигата на шампионите како свое ново засилување го промовираше и Босанецот со германски пасош, Сенад Јаровиќ.

25-годишниот Јаровиќ кој игра на најофанзивната позиција, доаѓа од редовите на романскиот второлигаш Баја Маре.

Претходно во кариерата има настапи и за Петролул во Романија, но и Слобода Тузла во БиХ, Радомље и Домжале во Словенија, словачките Серед, Спартак Трнава и Злате Моравче и дански Сондериске. Фудбалски потекнува од младинската школа на германски Дизелдорф.

Се вчитува...