Милан Ристовски: Против Украинците ќе биде сосема поразличен меч од оној на ЕП, сега со поддршка од трибините до позитивен резултат

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина на 16. јуни (петок) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Максимална позитивно е расположението меѓу македонските репрезентативци кои веруваат дека може Македонија да одигра квалитетни средби без разлика на тоа што играме против изразити фаворити.

„Атмосферата е одлична, сите сме мотивирани кога сме во националниот дрес, сакаме да направиме нов успех и убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна репрезентација со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме на домашен терен, очекуваме поддршка од публиката и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“ – вели офанзивецот Милан Ристовски и дополнува:

„Против Украина игравме на Европското првенство, но мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар, иако се разбира дека одредени анализи ќе користиме и од тој наш меѓусебен меч. Во оваа фаза од подготовките претежно се базираме на тактички работи, ја враќаме свежината и се надевам дека максимално ќе одговориме на задачите на селекторот“. 

Се вчитува...