Македонија четврти ден се подготвува за квалификацискиот натпревар против Украина на 16. јули на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Максимален е ангажманот на избраниците на Боби Милевски, кои носат огромна желба за надигрување овој јуни токму со моќните селекции на Украина и Англија.
„Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат“ – е ставот на фудбалерот од средниот ред, Агон Елези, кој дополнува:
„Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА