Шок за Французите: Без Мбапе на Европското првенство 2024 во Германија!?

Шок за француската фудбалска јавност по информацијата дека на Европското првенство следната година во Германија нивната селекција би можела да биде без најдобриот фудбалер, Килијан Мбапе кој има малку поинакви планови за 2024 година. И не само тој, туку и Франсцускиот фудбалски сојуз.

Новиот претседател на сојузот, Филипе Диало истакна дека Мбапе размислува да го прескокне настапот на ЕП 2024 поради олимпискиот турнир кој ќе се одржи во Париз во рамките на Летните олимписки игри 2024.

„Мора да ја составиме најсилната екипа за ЛОИ и сите ние имаме само едно име на ум кое ќе ги понесе нашите амбици. Килијан Мбапе и сам се огласи на таа тема и кажа дека Олимписките игри се негов сон од детството. Олимписките игри се сон на секој спортист. Верувам дека може да составиме тим за златен медал“ – истакна Диало.

А, Летните олимписки игри почнуваат само десет дена по крајот на Европското првенство 2024. Тоа значи дека Мбапе со сигурност нема да може да одговори на двата турнири, па ќе мора да одбере еден. Европското првенство се игра од 14. јуни до 14. јули, а Олимписките игри почнуваат на 24. јули. Што е уште потрагично француската Лига 1 потоа почнува на 16. август.

„Ќе биде секако тешко Мбапе да игра на ЕП, па на ЛОИ па потоа Лига 1. Но, ние имаме обврска да атакуваме како сојуз на медал на Олимписките игри кои се одржуваат во нашата земја“ – вели претседателот на Францускиот фудбалски сојуз.

Се вчитува...