Никола Јокиќ и Денвер Нагетс се НБА шампиони (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс стигнаа до првата титула во историјата на НБА лигата откако во финалната серија со 4-1 во победи славеа над Мајами Хит.

Во последниот натпревар избраниците на Мајк Мелоун во крајно интересен и неубав за око натпревар славеа на домашен терен со 94-89.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар поединец во својот тим завршувајќи го натпреварот со 28 поени, надополнети со 16 скока. Кај поразените Џими Батлер уфрли 21, а залудно беше тоа што поголемиот дел од нив беа постигнати во последните пет минути од натпреварот.

 

Се вчитува...