Беше дебелко, го избраа на „драфт“ додека траеја реклами, а сега е најдобар во светот

Денвер Нагетс стигна до првата титула во историјата на НБА лигата откако во финалната серија славеше над Мајами Хит со 4-1.

И повеќе од заслужено за МВП во финалето беше избран српскиот интернационалец Никола Јокиќ.

Целата негова кариера почна многу чудно во НБА лигата. Дојде како дебелко, а токму од Денвер Нагетс беше избран како 41. пик на драфтот во 2014 година.

Да биде се уште полудо, додека беше неговиот избор во ТВ преносот одеа реклами. Инаку, Јокиќ стана најслабо избраниот пик во историјата на НБА кој стигнал до МВП признание во финална серија.

 

Се вчитува...