И Барак Обама му ја честиташе титулата на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер за првпат во историјата ја освоија титулата шампион во НБА лигата, откако во петтиот натпревар од големото финале го совладаа Мајами со 94-89 и славеа со вкупни 4-1.

Српскиот центар Никола Јокиќ го предводеше Денвер до историски успех со 28 поени, 16 скока и четири асистенции за 42 минути на теренот и беше прогласен за МВП на финалето на НБА.

Титулата им ја честиташе и поранешниот американски претседател Барак Обама…

„Честитки до Денвер и извонредниот МВП на финалето, Никола Јокиќ, што го донесоа дома првиот НБА трофеј во историјата на франшизата“, напиша Обама на Твитер.

Се вчитува...