Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди и дефинитивно летово ќе ја промени средината, откако немаше баш најдобра сезона во турскиот Трабзонспор.
Веќе некој период се шпекулира со тоа каде одличниот среднист ќе ја продолжи кариерата, а во трката за потписот на Барди влегува и шпанскиот прволигаш Жирона.
За услугите на Барди, Трабзон бара три милиони евра како би можел да го врати вложеното што го плати лани, но поради економската ситуација се шпекулира дека цената може да биде и сериозно пониска, зашто турскиот клуб би заштедил и на годишната плата од 1,5 милиони евра која ја има македонскиот репрезентативец.
Барди во минатиот период се поврзуваше со трансфер во Италија, како и во американската МЛС лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА