Саутгејт дополнително повика младинец од Челси за мечот со Македонија

Англискиот селектор Герет Саутгејт повика и младинец од Челси за натпреварите со Малта и Македонија во квалификациите за ЕП 2024.

По откажувањата на Џуд Белингем и Луис Данк, Саутгејт се одлучи да го повика младинецот на Челси, Леви Колвил.

Колвил е дел од младинската селекција на Англија која се подготвува за настап на Европското првенство до 21 година кое се игра во Романија и Грузија, но сега е прекомандуван во сениорскиот тим. По мечот со Македонија кој се игра на 19. јуни во Манчестер се очекува повторно да се стави на располагање на младинците.

Се вчитува...