Шеикот Јасим ќе биде нов сопственик на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед по се изгледа и дефинитивно ќе добие нова сопственичка структура. Наскоро ќе биде и официјално дека клубот од „Олд Трафорд“ го презема синот на поранешниот катарски премиер, Јасим Бин Ал Тани, за рекордна сума од 6 милијарди фунти.

Единствен конкурент на Јасим за купување на „црвените-ѓаволи“ беше првиот човек на „Инеос“ сер Џим Ретклиф.

Разликата помеѓу овие двајца инвеститори беше тоа што Катарците сакаа апсолутна власт во клубот и понудија пакет од 6 милијарди фунти за 100 отсто од акциите во клубот, додека сер Џим Ратклиф понудил нешто околу 4,5 милијарди фунти со цел да обезбеди 70 отсто од пакетот акции, а останатите 30  да им припаднат на семејството Глејзер.

Се вчитува...