Две златни медали ,еден сребрен медал и две бронзени медали за гимнастичарите на „Атлета“ од Куманово на Државното првенство во Битола во спортска гимнастика во поединечна конкуренција.
Кумановци беа еден од најдобрите клубови на шампионатот партиципирајќи на првенството со свои 17 натпреварувачи, од кои 8 во машка и 9 во женска конкуренција. Во силна конкуренција од повеќе од 150 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија пет одликувања.
Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.

Кај машките “А” програма до 9 години, Калин Илијевски освои прво место во категорија помлади пионери, а во „Б“ програма постари јуниори Милош Јовановиќ исто така се избори за прво место. Георгиј Мартиновски освои второ место во категорија помлади јуниори и Глигор Трајковски освои трето место во категорија помлади пионери.
„Во женската “Б” програма Милица Митровска освои 3. место во категорија пионерки во поединечна конкуренција“ – информира тренерот Никола Златановски.

После 27 години гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа.
„Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала , од причина што градот има голем број млади гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Гимнастички клуб Атлета полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата“ – ни изјави тренерот Филип Миленковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

