ФИФПРО предупредува: Во Саудиска Арабија носат ѕвезди, а не исплаќаат плати!

Саудиска Арабиија става ветената земја за фудбалерите откако дел од најголемите светски фудбалски ѕвезди беа привлечени со плати какви во Европа не може ниту да сонуваат.

Кристијано Роналдо веќе игра за 200 милиони евра годишно, Карим Бензема доби идентичен договор, а Н’голо Канте доби 100 милиони евра по сезона. Но, постојат и проблеми поради кои некои се одлучуваат да одбијат такви понуди.

Лионел Меси одби речиси половина милијарда евра по сезона, и се одлучи на трансфер во МЛС-лигата. Сето тоа е, покрај другото, и поради веста за скандалот кој вклучува и неисплаќање плати на фудбалерите. Меѓу таквите кои не даваат плата, а потврди судот, е и Ал-Наср каде игра Кристијано Роналдо.

Организацијата на заштита на правата на фудбалерите, ФИФПРО, предупредува дека во последните 12 месеци има 50 примери на неисплата на договорени примања, па затоа ги советува фудбалерите да внимаваат што потпишуваат и на што се согласуваат.

Таа организација застапува 65.000 играчи од светот, а како примери, го издвојува поранешниот фудбалер на Нотингем Форест, Луис Грабан, на кого Ал-Ахли му останал должен 460.000 евра за плати и околу 650.000 евра поради раскинување на договорот. Но, никако да ги исплати.

ФИФПРО информираат дека во моментов има повеќе од 50 случаи кои преку судови не може да ги наплатат парите од клубови во Саудиска Арабија.

Се вчитува...