Де Јонг: Останувам во Барселона, жал ми е што Меси не се врати

Френки де Јонг минатото лето беше еден од најбараните фудбалери во Европа, но се чини воопшто нема намера било каде да замине.

Фудбалерот на Барселона од поодамна е желба на Манчестер јунајтед и нивниот менаџер Ерик тен Хар, но останува на ставот да остане на „Камп Ноу“.

„Се чувствувам добро во Барселона, па ќе играм тука и следнатасезона. Никогаш ништо не е 100%, но верувам дека ќе играм за Барселона и следната година“ – вели Де Јонг чија желба е со Каталонците да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

„Секако дека сакам да го освојам, но оваа година тоа не успеавме. Можеме во иднина затоа што имаме навистина добар тим. Жал ми е што Меси не се врати кај нас. Секој тим сака да го има во своите редови затоа што тој прави разлика“ – истакнува Де Јонг.

Се вчитува...