Македонија во тешка група во Дејвис-купот

Македонската Дејвис-куп репрезентација ги дозна ривалите за натпреварите во Третата европска зона кои ќе се играат во Ларнака, Кипар.

Македонската репрезентација, која е 89-то рангирана во светот, во групата Б, во најлошата Дејвис-куп зона, ќе игра со домаќинот Кипар (рангиран на 75. место), Малта (рангирана на 93. место) и Молдавија (95. место).

Во другата Група А се селекциите на Естонија (68), Сан Марино (86) и Црна Гора (91).

Во првото коло, утре, Македонија на стартот ќе игра против селекцијата на Малта. Двете првопласирани репрезентации од двете групи ќе обезбедат пласман следната сезона еден ранг повисоко во Дејвис-купот, додека второпласираните селекции ќе играат меч за третата позиција која исто така води во повисок ранг.

Се вчитува...