Шкупи во своите редови го доби второто засилување во овј преоден рок. Кристијан Тошевски, десниот бек кој доаѓа од редовите на Тирана, потпиша договор со чаирскиот тим.
Тошевски во минатото играше за Вардар, Пелистер и Тетово, и е повремен репрезентативец на Македонија.
„Драго ми е што се враќам во домашното првенство. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме целите на клубот, а тоа е враќање на титулата, а во Европа да влеземе во групите во Лигата на Конференции“, рече Тошевски на промоцијата на „Чаир“.
Тошевски е третото ново име на тимот од Чаир после словачкиот интернационалец Пинтер и играчот од средниот ред Арби Воша. Трансферите на Воша и на Тошевски беа реализирани од страна на екс репрезентативецот Горан Попов и неговата агенција ГП3 MT спортс менаџмент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА