Левандовски засега не ги сака милионите: Саудиска Арабија не е за мене

Кристијано Роналдо па Карим Бензема, Нголо Канте… Кој би можел да биде следниот кој ќе замине во Саудиска Арабија каде што се даваат вртоглави суми на пари?

Би можел Ромелу Лукаку, а засега Роберт Левандовски не ги сака саудиските милиони. Напаѓачот на Барселона не смета дека на 35-годишна возраст треба да се пресели во Саудиска Арабија.

„Имам договор со Барселона кој е до 2026 година. Гледам што се случува, сите играчи заминуваат во Саудиска Арабија, но тоа не е за мене. Се трудам да не размислувам за тоа“, рече Левандовски.

Саудиските милиони ги одби и Лионел Меси, кој по ПСЖ се реши да замине во САД и да го носи дресот на Интер Мајами, наместо во Саудиска Арабија каде дефинитивно ќе беше најплатениот спортист во историјата.

Се вчитува...