И Лукаку се сели во Саудиска Арабија?

Иднината на Ромелу Лукаку останува неизвесна со самиот крај на сезоната. Белгискиот напаѓач кој е под договор со Челси нема место на „Стемфорд Бриџ“, а Интер доколку сака да го откупи неговиот договор ќе мора да најде дополнителни финансиски средства со оглед на сумата од 50 милиони евра која ја бара англискиот клуб.

Во сагата на Белгиецот сега се вклучи и саудискиот клуб Ал Хилал кој веќе ги започнал преговорите со корпулентниот напаѓач, но првичата понуда од 20 милиони евра по сезона била експресно одбиена.

Лукаку смета дека заслужува далеку повеќе доколку Саудиците сакаат да им се приклучи на Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Н’Голо Канте…

 

Се вчитува...