Барселона бара напаѓач кој долгорочно би можел да го замени Роберт Левандовски, кој на 34. години е на залезот на кариерата. Се чини дека потрагата е завршена, со оглед дека „АС“ тврди дека на „Ноу Камп“ ќе дојде бразилското чудо од дете Витор Роке.
Се работи за 18-годишен напаѓач на Алетико Паранензе кој од Барселона го гледаат како долгорочно решение во нападот. Се претпоставува дека тој е новиот Роналдо, оној бразилскиот ас кој во минатото настапуваше на „Ноу Камп“. Според информациите, Барселона е подготвена да го плати 43 милиони евра.
Роке првите сениорски чекори го доби минатата година во Крузеиро како малолетник, од каде тргнаа споредбите со феноменот Роналдо, кој исто така дебитираше за овој тим како малолетник.
Минатото лето Параненсе го откупи за 4,7 милиони евра, а сега неговата цена е десет пати поголема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

