Кошаркарско „Ел Класико“ во битката за титулата во Шпанија

Екипите на Барселона и на Реал Мадрид, ќе играат во финалето на плеј-офот за титулата во коршаркарското првенство на Шпанија. Вечерва Барселона ја совлада Уникаха со 75-87, и така со 3-1 во серијата се пласираше во финалето, каде го чека Реал Мадрид, кој претходно беше подобар од Хувентуд со 3-1.

Најефикасен кај Барселона беше Миротиќ со 14 поени, додека Калиноски и Пери беа најдоби кај Уникаха со 15.

Со тоа се очекува спектакл во битката за големиот трофеј во Шпанија. Серијата почнува на 16. јуни, а Барселона ќе ја има предноста на домашен терен.

Се вчитува...