Некогашниот кошаркар Ричард Џеферсон ги спореди бројките во финалето со статистиката на најголемите имиња на кошарката, и дојде до заклучок за српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Џеферсон врз основа на бројките, заклучи дека Јокиќ е комбинација од светските кошаркари Кевин Дурант, Меџик Џонсон, Тим Данкан, Стеф Кари и Јанис Адетоукмбо.
„Погледнете како тоа изгледа кога вака ќе се согледаат работите. Дурант е четврти на сите времиња по постигнати поени во плеј-офот, постигнувал 28,5 поени по меч. А Јокиќ има просек 30. Имам почит кон сите кошаркари, но Јокиќ го нема просторот кој го има Кари, Томсон, и тие 30 поени кои ги дава се навистина импресивни бројки. За неговите асистенции? Џонсон во првото финале имаше 9,4 асистенции, а Јокиќ има 9,5. Кога ќе го погледнеме Јокиќ како додава, тоа потсетува на Меџик и асистенциите кон Џабар“, изјави Џеферсон.
RJ explains why what Jokic just did in the playoffs is different.#MileHighBasketball pic.twitter.com/TOUHmR9Vve
— n i k o l a e s t h e t i c (@nikolaesthetic) June 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА