Зија Мерџани од Струга ТЛ се врати назад во Шкендија (ФОТО)

Левокрилниот дефанзивец Зија Мерџани се враќа повторно во Шкендија, по една сезона мината во Струга ТЛ.

Мерџани се враќа во матичниот клуб, откако минатата сезона одигра одлична сезона за стружани. Сега Шкендија потпиша двегодишен договор, до јуни 2025, со левиот бек.

„Секој сонува да игра за шкендија. Знам каде доаѓам, добро ја познавам средината и сигурен сум дека ќе го дадам максимумот за да ги исполниме целите на управата и на спонзорот. Тешко е да се опише со зборови чувството како е да се биде дел од овој клуб“ – изјави Мерџани по потпишувањето на договорот со тетовци.

Минатата сезона Мерџани за Струга одигра 27 натпревари во кои постигна два гола и и имаше четири асистенции.

Се вчитува...