Дориев се раздели со Шкендија: „Не плачи зошто е крај, смеј се зошто се случи“

Шкендија се разделува со еден од најдобрите свои фудбалери изминатава сезона, македонскиот репрезентативец Љупче Дориев.

Во периодот кога со репрезентацијата ги очекува дуелите со Украина и со Англија, Дориев објави за разделбата со Шкендија заблагодарувајќи се на клубот и навивачите за досегашната поддршка и тригодишна соработка.

„Поминати три прекрасни години, чест и гордост беше да го носам овој дрес. За Шкендија, навивачите (Балистите) и Тетово – БЛАГОДАРАМ е малку што можам да кажам. На сите ви посакувам здравје, среќа и успех. Јас останувам голем навивач на Шкендија и сигурен сум дека следуваат нови успеси и радости за клубот и навивачите. Не плачи зошто е крај, смеј се зошто се случи“ – порача Дориев во своето обраќање информирајќи за заминувањето од Шкендија.

Се вчитува...