Џек Грилиш бурно ги прослави трите титули освоени со Манчестер Сити. По Премиерлигата и ФА Купот „граѓаните“ славеа и во финалето од Лигата на Шампионите, а славјето од теренот се префрли во ноќните клубови во Истанбул и Ибица за епилогот да биде на улиците на Манчестер.
Англичанецот кој не криеше дека три дена се „поливал“ со алкохол и не склопил око сега се појави на собирот на репрезентацијата на Англија за квалификациските натпревари против Малта и Македонија, а неговата „исцрпена“ фотографија веднаш стана хит на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

