Македонија со победа го почна настапот во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Македонија со победа над Малта од 2-1 го почна настапот на турнирот во Кипар од третата евроафриканска зона во Дејвис купот.

Клучниот поен за Македонија го добија Калин Ивановски и Берк Бугариќ кои во двојки славеа над Дегибриле и Деликата со 2-0 по сетови 6-4 и 6-4.

Претходно Ивановски славеше и во својот сингл меч против Деликата, додека Марковиќ беше поразен од Дегибриле.

Се вчитува...