Македонија ЃП останува без услугите на стоперот Есмин Личина за идната сезона. Дефанзивецот после четири години во дресот на Македонија ЃП, се разделува од „лавовите“. Оваа информација доаѓа сосема неочекувано, со оглед дека неговиот клуб пред неколку дена објави дека Личина го продолжил договорот на уште една година.
Личина со Македонија ЃП освои два пехари во Купот на Македонија, а со екипата играше и во Европа. Од Македонија ЃП си заминаа и Арби Воша, кој потпиша со Шкупи, како и Матеус Лемос и Ѓорѓи Стоилов.
Личина во минатото беше дел од Скопје, а потекнува од младинската школа на Вардар, каде што беше и капитен на младинците на овој тим, а потоа стигна и до сениорскиот тим на „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА