Џерард во Саудиска Арабија прави свој Ливерпул

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард веќе почна да работи во својот нов клуб иако се уште не е официјално промовиран.

Англиските медиуми објавија снимка од тоа како Стивен Џерард пристигнал на преговори во Саудиска Арабија, а се појави и список на наводно засилувања кои планира да ги донесе во Ал Етифак.

Секако, на списокот се сите поранешни и сегашни играчи на Ливерпул – двајца Бразилци, Фирмино и Кутињо, како и Сенегалецот Садио Мане.

Тие очигледно се желби на Џерард, а колку е реално сите да дојдат во Саудиска Арабија ќе видиме во наредните денови.

Ал Етифак го освои седмото место на неодамна завршеното првенство на Саудиска Арабија, а дел од клубот е и македонскиот интернационалец Дарко Велковски.

Се вчитува...