„Спартанците“ во трилер-меч поразени од Хрватска

Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа нов пораз во Златната лига откако загуби на гостувањето кај Хрватска со 3-2 (20-25, 25-17, 25-23, 15-25 и 16-14).

Како и на мечот одигран во Скопје избраниците на Јошко Миленковски одлично го почнаа мечот и без поголеми проблеми го добија првиот сет со 20-25.

Хрватите заиграа далеку подобро во вториот сет и успеаја да ни возвратат освојувајќи го со 25-17 и со тоа да израмнат на 1-1.

Во третиот сет се водеше вистинска борба во која на крајот подобро се снајдоа Хрватите (25-23) и поведоа со 2-1.

По загубениот трет сет „спартанците“ одлично се вратија и на убедлив начин (15-25) го добија четвртиот и успеаја да изборат одлучувачки тај-брејк. Таму за разлика од Скопје подобро се снајдоа Хрватите и славеа со 16-14.

Никола Ѓоргиев со 16 поени повторно беше најдобар поединец во нашиот табор, додека солидна партија имаа и Љафтов и Савовски кои завршија со по 10 поени.

Се вчитува...