Црногорецот Миљан Радовиќ е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Воска Спорт.
Клубот од Охрид изминатава сезона со освоеното прво место во второлигашката конкуренција се избори за свое деби во Првата лига во историјата, кое раководството се одлучи да го дочека со нов тренер. На крај изборот падна на црногорскиот стратег Миљан Радовиќ кој последно ги водел екипите на ДСК Шиваџинс и Пуне Персиб во Индонезија.
„Претседателот на клубот Нефи Исени доцна вечерва потпиша едногодишен договор за соработка со црногорскиот тренер Миљан Радовиќ“ – информираа официјално од Воска спорт.
46-годишниот Радовиќ е поранешен тренер на Сутјеска, Грбаљ и Дечиќ. Со Грбаљ има пласман и во финале во Купот на Црна Гора во 2017 година, а со Сутјеска, во сезоната 2020/21, и со Дечиќ во сезоната 2021/22 има настапи во УЕФА Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА