Добро познато име се враќа во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје напорно работи на формирање на тимот што ќе ја брани двојната круна за наредната натпреварувачка сезона. Аеродромци веќе преговараат за неколку домашни засилувања за играчкиот кадар, а „сино-белите“ веќе го договорија и првото засилување за стручниот штаб. Добро познато име се враќа назад во СЦ „Јане Сандански“, откако Никола Велев – Френки ги договори условите да стане дел од стручниот штаб што ќе биде предводен од Васко Атанасов.

Велев неколку години беше дел од стручниот штаб под водство на Ѓорѓи Кочов, но потоа од знак на лојалност кон тренерот заедно со Тино Даневски и со Петар Баснарков го напуштија МЗТ Скопје. Сепак, откако Дарко Радуловиќ си замина од клупата, најпрвин во текот на изминатата сезона се врати Даневски, а сега на камбек во МЗТ се согласи и Велев, исклучително талентиран млад стручњак чија особено силна страна е скаутинг на противниците.

Велев беше дел од стручниот штаб на ТФТ, тим на кој му помогна и да стигне до трофејот во Купот на Македонија, но овој стручњак е подготвен за камбек меѓу аеродромци, за да даде придонес во остварувањето на целите на клубот – одбрана на двојната круна во мак-баскетот и обид за камбек во АБА1 преку втората лига од регионалното натпреварување.

Се вчитува...